Лиснати кроасани

Ова е мојот личен фаворит на пециво, од сите досега направени по хроно. Бара трпение и време ама вреди затоа што освојува со вкусот.
Ова е поедноставна, според мене, а поуспешна рецепта за лиснато тесто, отколку што е лиснатото на принцип преклопување затоа што заштедувате на време, а добивате преубави кроасани.
Ова е основна рецепта за кроасани за да е најлесна за комбинирање, инаку по ваша желба можете да ги полните со секаков фил кој е дозволен во хроно.
Рецепт
ЗА ТЕСТОТО
600 грама Ржано брашно
400 грама Спелтино брашно
700-750 мл Топла вода
2 Прашок за пециво
1 лажица Химелајска сол
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
200 грама Путер
Инструкции за готвење
1 | Подготвка на тестото


Од зададените состојки месите тесто кое нема хомогена структура. Но, се остава околу 30-45 минути да одмори, за брашното да ја впие водата и на следното месење веќе ќе имате многу покомпактна смеса. Доколку имате псилиум може да ставите една лажичка, така ќе добиете помека структура.
Путерот треба да е на собна температура за да омекне пред да почнете со сукање и да е поделен на 13 парчиња.
2 | Подготовка на корите
Хроно лиснати кроасани – Подготовка 2
Хроно лиснати кроасани – Подготовка 1
Кога ќе одмори и ќе го премесите тестото, се дели на 14 топчиња. Треба да се приближно иста големина.
Од секое топче сукате мала кора, а останатите треба да ви бидат покриени за да не се исушат. Доколку ви е полесно можете да ги сукате на пластична фолија или на нелеплива површина. Користите малку масло, така полесно се сукаат, никако брашно.
Секоја кора се премачкува со путер, дали со нож или со прсти, како вам ви е полесно, најважно е целата кора да е премачкана.
Сите кори се редат една врз друга, а на последната не се става путер.
3 | Формирање на кроасаните


Хроно лиснати кроасани – Формирање
Хроно лиснати кроасани – Формирање 2
Тестото се покрива убаво со ќеса и се остава во фрижидер околу 2 часа.
Кога ќе одмори, се сукаат сите кори во една голема. Само треба внимателно и полека за да не излезе путерот од тестото.
Се сече на 16 парчиња за кроасани од средна големина и се виткаат.
4 | Печење

Кога се завршуваат кроасаните, тогаш фурната се вклучува на 220 степени. И многу е важно да е убаво загреана кога се ставаат да се печат, затоа што така поубаво се разлистуваат.
Кога ќе се стават на печење, веднаш се намалува температурата на 200 степени и се печат околу 40-45 минути. А доколку фурната ви е многу јака, можете и на 180 степени.
Испечените кроасани се ставаат во крпа барем половина час и потоа во ќеса.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.