Малите погачи со спанаќ се одличен оброк кој можете да го понесете со себе на работа, или да го подгреете кога не ви се готви
Лиснати погачи со спанаќ и фета сирење
Потребни состојки:
Едно пакување лиснато тесто
Маслиново масло
Една главица кромид
Праз
2 чешниња лук
500 грама спанаќ
2 јајца
30 грама фета сирење
Сок од половина лимон
Сусам
Начин да подготовка:
Кромидот и празот исечкајте ги ситно, па динстајте ги на маслиново масло. Додајте го исечканиот лук и динстајте уште неколку минути. Додајте го и спанаќот и динстајте додека не испари водата.
Динстаниот зеленчук ставете го во сад и додајте едно јајце, лимонов сок и сирење. Измешајте добро и оставете ја смесата да отстои.
Загрејте ја рерната на 20 степени. Развлечете го тестото со дебелина од околу 5-6 центиметри и поделете го на 4 делови со нож. На секое парче тесто ставете од смесата со спанаќ и сирење и преклопете го со другата страна. Притиснете ги рабовите на погачите со виљушка за добро да ги затворите.
Изматете го останатото јајце и премачкајте ги погачите, ставете сусам и печете додека тестото не порумени.