Ловџиски јунешки шницли во сос со сланина

Состојки
500гр јунешко месо
малку брашно
1/2 лажиче свежо мелен бибер
1/2 лажиче сол
2 лажици масло
1 главица сецкан кромид
1 мал морков
1 мало парче пашканат
1 лажица доматно пире
1 лажица хариса паста
2-3 зрна јенибар- пимент
1/4 ловоров лист, значи малку
100гр сланина, сечена на ленти
1/2 лажиче чили
по желба 1 чешене лук и магдонос
1/2 лажиче зачин
50мл бело виво
вода или бујон по потреба
1/4лажиче Рендан лимон

Прво месото го сечеме на шницли.
Преку проѕирна фолија малку ги чукаме парчињата месо за да не им се искинат влакната на месото.
Потоа од двете страни ги зачинуваме со сол и бибер.
Сега само од едната страна ги валкаме во брашно.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканиот кромид, морков, пашканат.
На загреано масло кратко ги пропржуваме.
Тука ги додаваме и лентите сланина да се запржат и да пуштат арома.
Овие состојки ги тргаме на кратко во еден тајнир.
Во истата маснотија ги пропржуваме шницлите, со набрашнетата страна на долу.
Пржиме од двете страни кратко.
Зеленчукот и сланината ги враќаме во касеролата.
Додаваме зачин малку, малку ловоров лист, за да не доминира, зрна пимент, малку лимон рендан.хариса паста, доматно пире.
Ставаме бело вино и полека од дното на садот ги одстрануваме запржените делови односно садот го деглазираме.
Соединуваме.
Оставаме да крчка на многу тивок оган со повремено промешување, затресување на садот и додавање на вода или бујон.
Кога е готово месото, односно имаме доволно софт во садот сервираме ..секако со прилог по желба и црвено вино.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.