Иако е на прагот на деветтиот месец од бременоста, тоа не ја спречи да ја испочитува водителката и телевизија Пинк, па се појави во студио и изненади многумина со својот изглед.
Луна Џогани даде интервју пред снимањето на емисијата со Огњен Амиџиќ и пред камерите откри кога треба да се породи.Се пораѓам за точно четири недели – рекла Луна и открила дека нејзината втора ќерка ќе се вика Лана.
Марко Миљковиќ вечерва ја придружуваше сопругата во студиото во Шимановци, а како што откри на Луна и е голема поддршка во се.
- Многу сум подобра отколку во првата бременост. Јас сум многу повитална и поподвижна.
Луна и Марко ја испратија својата прва ќерка Миа во Шведска, со баба Анабела Атиас и тетка Бланкица, за Ѓогани целосно да се подготви за породувањето.
Инаку, некои јазични анализи покажаа дека името Лана може да се преведе како „нежна“, „драга“ или „личност полна со доблест, благодат и префинетост“, како „дама“, „принцеза“ или „елегантна“ жена“ или како „внимателна личност“, „дарежлива жена“, „модерна, креативна или весела и радосна личност“.