Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро побара од американскиот претседател Барак Обама да го сопре, како што рече, заговорот на Пентагон и CIA да го убијат неговиот опозициски противкандидат Енрике Каприљес и да предизвикаат државен удар пред претседателските избори на 14-ти април.Никола Мадуро кој претходно во четвртокот ја обвини „екстремната десница во САД“ и оти зад организацијата на атентатот стојат претставници на „ултрадесничарските сили” поврзани со функионери од администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, во неделата рече дека планот е за убиството на неговиот противкандидат да се обвини владата на Венецуела и „да се исполнат Венецуелците со омраза“ пред изборите закажани по смртта на левичарскиот претседател Уго Чавез.Мадуро претходно за убиството на неговиот најсериозен противкандидат од редовите на обединетата десна опозиција ги обвини Роџер Нориега и Ото Рејч, функционери во поранешната администрација на претседателот Буш, кои ги отфрлија наводите како невистинити и клеветнички.„Му се обраќам на претседателот Обама, Роџер Нориега, Ото Рејч, функционери во Пентагон и CIA стојат зад планот да се убие десничарскиот претседателски кандидат за да се создаде хаос“, изјави Мадуро во разговорот за државната телевизија објавен во неделата.Мадуро, кого починатиот венецуелски претседател Уго Чавез го избра пред смртта, рече и дека цел на заговорот е да се предизвика државен удар, како и дека таа информација доаѓа од „многу добар извор“.Почнувајќи ја предизборната кампања во саботата во покраините, Каприљес, пак, изјави дека доколку што и да е му се случи за тоа треба да биде обвинет Мадуро.Досегашниот венецуелски заменик-претседател Николас Мадуро, 50-годишен поранешен возач на автобус кој како и Чавез ги истакнува своето работничко социјално потекло, според последните истражувања на јавното мнение е во предност од десет отсто, пред Енрике Каприљес, 40-годишниот адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, од опозициската коалиција Демократско единство. Капиљес, инаку, беше поразен од Чавез на претседателските избори во октомври 2012 година, меѓутоа со освоените 44 отсто од гласовите најмногу му се приближи од сите противкандидати на сите избори на коишто учествуваше Чавез.
МакфаксВршителот на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро побара од американскиот претседател Барак Обама