Срцето на 55-годишниот Кевин Хил одеднаш престанало да чука додека се лекувал од ретка болест.
Откако лекарите го вратиле во живот, Хил истакнал дека не видел светлина кон која може да оди, и дека неговата привремена „смрт“ и враќањето кај живите биле мирни.
Хил, кој лекарите во британската болница во градот Дерби го нарекоа човек чудо, исто така рекол дека влегол во „духовен свет“ и го гледал неговото тело како се распаѓа.
-Бев одвоен од моето тело, како да сум во духовен свет. Бев свесен што се случува, но беше толку мирно, опиша тој.
Тој истакнал и дека можел да ги види лекарите како се обидуваат да го спасат.
-Знаев дека сум мртов. Тогаш само заспав и кога се разбудив, бев жив. Знаев дека не е моето време да умрам. Оваа ситуација ме натера да ги преиспитам своите приоритети. Семејната атмосфера драстично се промени кога излегов од болницата. Станав поотпорен, рекол тој, објави Дејли Меил.