Доктор Џон Кодл од Филаделфија, кој често дава различни медицински совети на социјалната мрежа ТикТок, зборуваше за просечната должина на машкиот генитален орган, се со цел и мажите и индиректно жените да се ослободат од притисокот од тоа како треба да изгледаат половите органи. Бројките што ги претстави ги изненадија сите.
„Како матичен доктор зборувам за различни теми“, рекол докторот на почетокот, а потоа истакнал дека повеќето луѓе мислат дека просечната големина на машкиот генитален орган е многу поголема отколку што всушност е.
„Број два, има голем социјален притисок да изгледате на одреден начин, ова се однесува и на мажите и на жените. Сакам да споделам неколку факти кои се надевам дека ќе ви помогнат да ја дознаете вистината. Важната порака е дека треба да изгледате добро, тоа е најважната порака што се обидувам да ја пренесам со ова видео“, рекол Џон Кодл.
Според овој доктор, просечната должина на машкиот генитален орган е околу 10 сантиметри, таа бројка во пик состојба е околу 13 сантиметри.
Џон Кодл напомена дека сексуалното задоволство не зависи од бројки и дека секој маж не треба да се поистоветува со одредени бројки.
Но, бројките им се важни и на мажите кои се огласија по ова видео и велат дека се далеку над просекот и дека цел живот чекаат да го слушнат ова.
Пронајдете не на следниве мрежи: