За тесто:
70 г белки
Прстофат сол
50 г шеќер
1 кесичка лимон-шеќер
80 г ситно мелени лешници
120 г шеќер во прав
По потреба црвена прехранбена боја
За ганаш:
150 гр. слатка павлака
150 гр. чоколадо за готвење
1 лажичка кисела павлака
Приготвување:
Јајцата се оставаат најмалку 2 часа на собна температура, па потоа се делат белките од жолчките. Лешниците ги мелиме и ги просејуваме низ сито. Ќе ни требаат повеќе од 80 г, бидејќи само најситните честички успеваат да поминат низ ситото. Исто и шеќерот во прав се просејува. Па се мешаат лешниците и шеќерот во прав и повторно се просејуват. Се матат белките со прстофат сол. Штом запенат, на неколку пати им се додава шеќерот со лимон-шеќерот. Се мати во густ, мазен, сјаен шам. Потоа внимателно со шпатула се меша смесата од лешници, со движења во насока на часовникот и тоа од долу нагоре. Се додава и бојата. Треба да се добие еднолична маса која ќе паѓа како лава.
Се полни смесата во обично кесичка за фрижидер, се засекува врвот и се полнат круговите. Се удира плехот неколку пати од подлогата за да се истисни воздухот од нив и да добијат убава форма. Се оставаат да стојат на собна температура од 30 до 60 минути за да се сушат. За тоа време фаќаат коричка и на допир не треба да се лепливи. Потоа одат на печење. Се печат во загреана рерна, а времетраењето на печењето е 15 мин. на 150 степени, без вентилатор. Се оставаат целосно да изладат, па се филуваат.
Во меѓувреме, се спрема ганашот. Се загрева слатката павлака до точка на вриење, па се излева врз искршеното или изренданото чоколадо. Убаво се меша додека се стопи чоколадото, па се додава киселата павлака и се изедначува. Се остава на собна температура да излади промешувајќи одвреме-навреме, па во фрижидер додека целосно се излади и згусти.
Филуваните макаронски се чуваат во херметички затворен сад на ладно.