Македонците во Егејскиот Дел на Македонија се борат , а ние ќе се самоукинуваме!

Главните барања на партијата на Македонците во Грција за признавање на македонското малцинство и на македонскиот јазик, за воведување на нивниот мајчин јазик во образовниот грчки систем и натаму остануваат главните цели. За таа цел Виножито до грчките власти ќе испрати и петиција за признавање на македонскиот јазик и воведување во државните училишта. На третиот конгрес на Виножито, што денеска заврши во Горно Врбени, Леринско, беше одлучено партијата да учествува на наредните избори за европскиот Парламент во Грција, доколку за тоа успеат да соберат доволно пари. На конгресот во Централниот комитет беа избрани и седум нови членови, што во партијата се толкува како голем успех затоа што сѐ повеќе млади Македонци почнуваат да се интересираат за активностите на партијата.Јоргос Пападакис, беше кандидиран за потпретседателското место на Европската слободна алијанса (ЕФА), асоцијација на малцинските партии во Европа. Виножито од грчките власти уште еднаш ќе побара регистрација на Домот на македонската култура во Лерин. Судот за човекови права ви Стразбур веќе донесе решение Домот на македонската култура да биде регистриран од грчките судови. Грција одбива да даде дозвола за регистрација и работа на Домот.
Во однос на Договорот од Преспа, Виножито останува на претходниот став соопштен на 19 август за тоа дека тие се против каква било промена на уставното име на Република Македонија, но не и против дијалогот помеѓу двете држави. „Дали Република Македонија ќе го смени нејзиното уставно име или не, останува да биде внатрешно прашање на државата и на нејзините граѓани кои имаат демократско право да гласат за или против или пак и да не гласаат“, изјавија тогаш од раководството на Виножито и истакнаа дека остануваат против каква било промена на уставното име на Република Македонија.
Конгресот на Виножито во Горно Врбени помина под силно полициско обезбедување во селото, но и на сите приодни патишта кон селото. Полицијата вели дека имало најави за доаѓање на припадници на Златна зора, неофашистичка партија во Грција, во обид да го оневозможат одржувањето на конгресот. Но, мештаните на ова невообичаено големо присуство на полицијата гледаат и како на обид на власта да ги предомислат делегатите од северниот дел на Грција да пристигнат на конгресот.Сепак, организаторите на овој трет конгрес на Виножито велат дека се пријатно изненадени од одзивот на нивното членство и нивните симпатизери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.