Сите ние лажеме. Тоа е факт. Како што ви е добро познато, постојат „бели“ и „црни“ лаги. Но сепак, голема или мала, лагата е лага. Најлоши од сите лаги се оние што си ги кажуваме на себе бидејќи тие всушност немаат поента. Затоа престанете да се лажете себеси (и другите) и престанете да си го кажувате она што и не е баш точно.
„Утре ќе го завршам тоа!“ Не, нема. Штом го одложувате еднаш, ќе го одложите уште неколку пати. Затоа, направете го тоа веднаш или едноставно кажете дека таа прегорена сијалица ќе ја замените следниот месец. Само бидете искрени. Зарем не е полесно?
„Ма, како и да е.“ Не е, како и да е. Слободно изразете ги своите емоции и кажете што ве мачи. Ако некој ве повредил, тоа е сосема во ред, не е срамно да признаете дека се чувствувате разочарано.
„Само уште еден пијалак.“ Колкупати тоа „уште еден пијалак“ навистина бил само еден? Кажете убаво „сакам да се напијам“ и тоа е тоа. Каков олеснување!
„Не ја видов пораката!“ О да, ја видовте. Но, не сте сакале да одговорите. Или не сте знаеле што. И тоа е во ред, нема потреба да лажете.
„Те слушам!“ А куцате порака. Штом имате потреба да нагласувате на некого дека го слушате, очигледно е дека не го правите тоа. Ако ве нервира кога некој друг ви го прави тоа вам, тогаш престанете и вие така да се однесувате.
„Добро сум.“ Што ти е моќта на убедувањето! Колку пати на себе (или на другите) сте кажале дека сте добро, кога всушност било спротивното? Ако навистина не се чувствувате така, тоа е залудно. Исплачете се, преспијте, изедете чоколадо од 300 грама, пратете му/ѝ порака и тогаш навистина ќе можете да се почувствувате добро.
„Ќе го купам ова за да имам што да носам кога ќе ослабам. Па да, ќе послужи како мотивација!“ Подигнете ги рацете сите вие кои барем еднаш сте си го кажале ова и сте се излажале.
„Знам дека може да се промени.“ Човекот може да го промени својот изглед, навики, но својот карактер и она што е тој како личност – никогаш! Не лажете се!
„Не сум љубоморна/љубоморен!“ Сте. Но добро, на сите ни се случува тоа.
„Јас обично не го правам ова…“ На секого му се случува да откачи малку и да направи нешто што можеби никогаш не планирал да го направи. Па добро, малку лудило не боли.
„Ма, го преболев јас тоа.“ Но, дали навистина? Во ред е ако не сте го преболеле, на никого не му е грижа, тоа е само ваша работа. Ако сакате да ви биде полесно да преболите, направете нешто од она што претходно ви набројавме: плачење, чоколадо сон…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.