Малолетник со убодна рана бил донесен вчера во Поликлиниката „Бит Пазар“.
– На 25.03.2024 во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката „Бит Пазар“ со повреда од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, на подрачјето на Бит Пазар неколку лица му побарале пари, а откако не им дал едно од нив го нападнало со остар предмет и му нанело убодна рана, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.