Околу 15.000 Хрвати денеска протестираа во Загреб против задолжителната вакцинација на администрацијата и ковид пропусниците.
Демонстрантите побараа укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основните уставни права и слободи.
Загрепската полиција соопшти дека денешниот протест во Загреб не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот.
Покрај на централниот плоштад Бан Јелачиќ, демонстранти протестирале и пред јавниот сервис ХРТ