Мајките им местат богати фраери на ќерките

Демек, типов ја напишал кога оваа го откачила! Гафовите слични на овој, се веројатно најприродното нешто што произлегува во неа и право да ти кажам бејбе, немаат крај! Во една друга ситуација е фатена на дело како си ги цеди од мензис крвавите гаќи во лавабо, во тоалетот на еден скопски ноќен клуб! Кога влегле неканетите гости, кои ја виделе во таа компромитирачка ситуација, после раскажуваа дека Фуфица во моментот “ни мува не ја полазила”, туку само искоментирала дека конобарот пробивајќи се низ гужвата, несакајќи на гаќите и истурил вотка-боровница и потоа, многу спокојно, шприцнала на нив течен сапун, малку ги истрила, ги исплавила, пак ги исцедила, овојпат од сапунот и мокри ги облекла пред шлогираните од ужас сведоци во тоалетот. На крајот, во целиот тој настан како “непозната” останала сувата и бела мини-сукња! Оттука, она што особено фасцинира кај Фуфица, покрај мноштвото силиконски импланти, е нејзиниот мозок мазен како лубеница! Може затоа мажите коишто искрено се залетуваа по неа, редовно го обираа бостанот!

Сашо Тасевски: Дали сте чуле за терминот “колективна ментална распаљотка”?

Е, таа Фуфица ги има изебано пола мои клиенти. Нормално дека се осетив малку повредена во целата таа работа, мислев, малата ми го краде бизнисот. Ми влезе на моја територија бејбе, а јас сум по тоа прашање како лавица. Касам, гребам и тепам полошо од Гестапо. Една вечер ја гледам у Хард Рок, му се закачила на еден Грк кој таа вечер дојде таму заради мене. Јас малку каснев, затоа што претходно заглавив на приватен стриптиз. Кога дојдов, испадна дека и тие се знаеле од претходно, иако гркот уредно ме претстави како негова пријателка и потенцираше дека мене ме чекал! Секој нормален човек во таква ситуација би ја подвиткал опашката и би се повлекол, ама не и Фуфица! Моето присуство како да ја доотвори! А бе, уште гола да му се соблечеше у сред диско. Само ја гледав и и го собирав. По некое време се наведнав кон неа за да може да ме слушне и дискретно ја поканив со мене у тоалет за да шмркнеме нешто. Светна во очите како на жеден кога ќе му спомнеш вода во сред пустина. Глупача. Само ја фолирав колку да дојде. Тргна по мене и влеговме у тоалетот. Тогаш, онака, одненадеж, каубојски ја бутнав у една од кабините, влегов по неа и ја затворив со нога вратата зад мене. Без да и дадам време да се собере, ја фатив отпозади за врат и со сета сила ја удрив од едната преграда на кабината. Падна на колена, а јас почнав да и ја туркам главата во шолја.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.