Мајките им местат богати фраери на ќерките

– Не слушам добро на левово уво, повтори!
– Го ебам, ама не за пари! – толку викна со главата во шолја, што се создаде ехо.
– Зарем!?
– Стварно… Со мајка ми бевме у казино и гркот дојде да се запознае со нас. Кога сум отишла до тоалет, овој ја прашал мајка ми која сум и оваа му рекла. Кога разбрал у каков однос сме, тогаш почнал да се извинува, а мајка ми му рекла дека е океј, зашто немам дечко и дека ако сака може да ми се удвара, под услов да биде фин со мене. После јас дојдов, грков почна да ми се упикува, онака шармантно, ама мене ми беше незгодно од мајка ми и бев малку укочена. Тогаш мајка ми ме тргна на страна и ми рече да не се понашам простачки, зашто дознала дека типот држи ланец бутици во Солун. Така почнав да се гледам со него. Ни доаѓа и дома на гости понекогаш, забавно типче е, мајка ми го обожава, ама пари стварно не му земам. Еднаш у месец идеме со мајка ми у Солун и прајме шопинг кај него у бутиците, онака гратис и тоа е… стварно.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.