МЕГАТЕКСТ: Астрологијата и интуицијата

Воздушни знаци
Близнаци
Зборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?

Бидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.

Вага
Внесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот.

Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.

Интуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.

Водолија
Вашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.

Може да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.

Пешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 4 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА 👇👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.