МЕГАТЕКСТ: Астрологијата и интуицијата

Водни знаци
Рак

Вие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.

Интуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.

Скорпија
За вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.

Вашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.

Риби
Вашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.

Интуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.