Медитеранска паеља

4 пилешки копани
500 г шкампи
300 г школки
250 г исечени пипци од лигњи
150 г ориз
2 пиперки исечени на ленти
4 конзервирани домати исечени на парчиња
1 главица исечен кромид
125 г исечени лути колбаси
200 мл бело вино
1 ловоров лист
1/2 лажичка шафран
1/2 лажичка црвен пипер
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Пилешките копани зачинете ги со сол, црн пипер и црвен пипер и пржете ги додека поруменат. Додадете ги виното, ловоровиот лист и 350 мл вода и динстајте додека омекне месото. Додадете ги колбасите и динстајте уште 5 минути.
Потоа додадете ги лигњите, пиперките, доматите, кромидот и шафранот. Промешајте, покријте ја тавата со капак  и варете на тивок оган 10 минути, повремено промешувајќи. Нанесете ги оризот и 250 мл од супата во која се вареа копаните. Крчкајте уште 10 минути повремено промешувајќи.
Наредете ги шкампите, копаните и школките и прелијте со уште 200 мл од пилешката супа. Варете на тивок оган додека се сварат школките и шкампите.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.