Медицинска сестра од Италија не издржа: Даниела си го одзеде животот затоа што стравувала дека го ширела коронавирусот

Италијанска медицинска сестра, откако било потврдено дека е заразена со коронавирусот си го одзела животот, затоа што се плашела дека во меѓувреме заразила други пациенти.
34-годишната Даниела Треци работела на првите линии во кризата со коронавирусот во болница во италијанската покраина Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.
Националната федерација на медицински сестри на Италија ја потврди нејзината смрт, истакнувајќи дека медицинската сестра претрпела „тежок стрес“, затоа што се плашела дека го пренела вирусот на другите додека се обидувала да помогне.


Даниела Треци работела на одделението за интензивна нега во болницата Сан Џерардо во Монца, а била ставена во карантин откако добила симптоми на коронавирусот, а потоа била позитивна на тестовите.
„Секој од нас ја избрал оваа професија за добро и за жал, за лошо. Ние сме медицински сестри. Состојбата и стресот на кој се изложени нашите професионалци се пред очите на сите“, соопштија од националната федерација на медицински сестри на Италија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:

Шпанска принцеза најнова жртва на КОРОНА ВИРУСОТ

Најдоа ли лек за КОРОНА ВИРУСОТ во Русија?

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.