Меки и вкусни: Благи КИФЛИ ОД 3 СОСТОЈКИ

Кифличките се едни од омилените домашни пецива, без разлика дали се солени или слатки.

Меѓутоа, ако навистина не уживате во нивната подготовка бидејќи трае долго време, чекате тестото да нарасне и на крајот се чувствувате виновни поради сето тоа бело брашно, ова е рецептот за вас!
Навистина, овие кифлички се полни со шеќер во прав, но нивниот вкус и лесната подготовка ќе ве натераат да заборавите на се…

Состојки:
половина килограм мелени ореви
250 грама шеќер во прав
120 мл бело вино

Подготовка:
Одделете 250 грама мелени ореви.
Остатокот измешајте го со шеќерот во прав и виното и мешајте додека не добиете густа смеса што може да се замеси и обликува. Потоа од неа направете кифлички, па извалкајте во мелените ореви што ги одвоивте на почетокот.
Потоа се пече околу половина час во загреана рерна на 100°C.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.