Може да ги филувате по желба, совршени се за појадок или вечера, а ќе уживате во секое нивно залче.
Тиквичките се многу популарни во ова доба од годината, а покрај вообичаените јадења како похувани тиквички или плескавици од тиквички, може да ги употребите и како клучна состојка за тесто.
Тие ѝ додаваат и вкус и сласт на пројата и многу други печива, а малку е познато дека од тиквичките може да направите и божествени солени палачинки.
Може да ги исфилувате со шунка, сирење или како што сакате, а квалитетниот појадок или вечера се загарантирани со нив.
Состојки:
- 2 тиквички;
- 2 јајца;
- 1,5 децилитри млеко;
- 50 милилитри масло за јадење;
- 200 грама брашно;
- 200 милилитри минерална вода;
- 1 лажичка сол;
- Прстофат шеќер;
- Ситно исечкан магдонос (по желба).
Подготовка:
1.Исчистете ги и изрендајте ги тиквичките, па додадете им јајца, млеко, сол и шеќер и ситно сечкан магдонос.
2.Кога ќе ја измешате смесата, додадете брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса и на крај додадете масло за јадење и вода, сè додека тестото не биде доволно добро за палачинки.
3.Со црпалка ставете од смесата на загреана тава подмачкана со масло за јадење, па пржете неколку минути од едната и неколку минути од другата страна.
Пријатно јадење!