СОСТОЈКИ:
400 гр. брашно
200 гр. вода топла
2 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
20 гр. квасец
ПОДГОТОВКА:
Се раствара квасец во половина од топлата вода и се става шеќер со лажица брашно.
Се остава да нарасне, се сее брашно во сад, со сол и масло, па се става квасецот, се меси тесто.
Се става во фолија половина час да нарасне.
Се развлекува кора, не се премесува, само се развлекува и се вадат мекици кои се пржат на врело масло.
Добар апетит!