Менемен е традиционално турско јадење од домати и пиперки чиј вкус може да биде збогатен со сирење или суџук. Честопати се приготвува за појадок, а ако се подготвува за ручек, се додава кромид.
Менемен – идеален избор за појадок
Потребни состојки:
4 јајца
1 парче корен од ѓумбир
4 чешниња лук
1 кромид
2 поголеми домати
½ чаша сос од домати
½ лута пиперка
½ пиперка
2 лажички мелен пипер
½ лажичка оригано
сол, бибер, маслиново масло, власец
Начин на подготовка:
- Излупете ги доматите.
2.Загрејте го маслото во тавата, додадете ги лукот и ѓумбирот и мешајте сè додека не омекнат, а потоа додадете го кромидот. По неколку минути додадете ги пиперките.
3.Додадете ги доматите, оставете ја смесата да се пржи околу две минути, а потоа додадете го доматното пире и зачините освен власецот.
4.Кога ќе се сварат доматите, скршете ги јајцата едно по едно и по десет секунди измешајте ги во смесата. Послужете со власец. На здравје!