500гр пилешки стек, немариниран
за маринада
1 лажица маслиново масло
1 лажиче сенф
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче свежо мелен бибер
1/2 лажиче зачин
20 ленти танко сечена сланина
стапчиња за ражничи
1 лажиче масло
100мл вода, или може и бело вино
Прво измиеното пилешко месо го сечиме на коцки.
Во еден сад ги соединуваме маслото, сенфот, зачините.
Ги додаваме коцките пилешко месо, промешуваме, за секоја коцка да се обложи со маринадата.
Може да се додаде кари и некоја капка лимон.
Оставаме во фрижидер на 1 час.
Земаме лист сланинка, ставаме коцка маринирано пилешко месо и завиткуваме како мала сармичка.
Постапката е иста со целиот материјал.
На мали стапчиња за ражничи ставаме по 3 парчиња.
Ги ставаме во мала ростер тава во која ставаме малку масло и вода.
Печиме на 200 степени околу 30 минути, односно да зарумени сланинката, а внимаваме да не се пресуши пилешкото месо, треба да биде сочно.