Мери Георгиевска му ги скрати крилјата на Бетмен: Нешто е труло во Белата Палата

Веќе неколку денови на социјалните мрежи е актуелна “пресметката” меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и поранешниот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски – Бетмен.

Бетмен објави стари видеа кои според него се поддршка од Апасиев за актерката Шенка Колозова, на што доби одговор од Мери Георгиевска.

Мери Георгиевска му ги скрати крилјата на Бетмен: Нешто е труло во Белата Палата

Како не ви е срам дпмновци сончогледи! Ама сончогледи не со две, туку со пет шест лица?!

Неколку дена пред 27 април го извадивте татко ми од дома, тукушто опериран од ногата само за да соберете народ. Собравте народ. А ниту еден збор/предлог кажан во говорот не го имплементиравте. Предлогот не чинеше пари, туку чинеше ЗА Македонија.

Само искористувавте умови.

И ден денес сум горда што ниту еден миг од моето битисување во 2017-та година не учествував на тие предавнички организирани митинзи.

Смрдеше на предавство од првиот ден.

Дури и татко ми кога говореше не излегов на митинг. Никогаш, па ни тогаш!

Колку ви е цената кога се вртите сончогледчиња, а? Гарант имате фатено спондилоза од вртење.

Колку кошта да зините а да не го излажете македонскиот народ??

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.