Возачката на автобус вели дека постојано ѝ велат дека е премногу убава за оваа работа, но и покрај се таа ужива во својата професија.
24-годишната Џоди Ли од Бренвуд во Лос Анџелес рекла дека секојдневно добива коментари на сметка на изгледот.
View this post on Instagram
Џоди љубовта кон возењето на автобус ја развила уште како дете. Три години работела како негувателка пред да почне да вози автобус. Признава дека често е во центарот на вниманието поради својот изглед.
“Добивам многу коментари од патниците, во главно мажи. Кога ќе влезат во автобус, секогаш е истата реакција и секогаш ми велат дека сум убава, или дека не виделе толку убав возач”, вели Џоди.
“Луѓето ми велат дека сум премногу убава да бидам возач, од жените добивам коментари на сметка на мојата шминка и нокти”, додала таа.
View this post on Instagram
Џоди вели дека нејзиниот изглед и го отежнува дружењето со колегите возачи. Вели дека проблем се и нејзините години, бидејќи нема жена возач на нејзина возраст.
Оваа убавица вели дека планира да вози автобус до својата пензија. Таа е квалификувана за возење на автобус и лимузина, и мора да полага испити за да остане во најдобра форма.
“Кога ја напуштив работата како негувателка, сфатив дека отсекогаш сакав да возам автобус”, објаснил таа.
View this post on Instagram
“Како мала секогаш седев до возачот и сакав да гледам. Морав да положам многу тестови за да станам возач и не е лесно како што мислат луѓето. Се полага тест по англиски и математика и околу пет различни модули пред да почнете да работите”, заклучила Џоди.