Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно, реагира Миа Костова која што сподели дека апелот за помош на „самохраниот татко“ од Велес е лажен. Таа бара одговорност од емисијата „Срце на дланка“, кои што ја објавија приказната на Тале Витанов.
Апелов го објавивме мислам дека сите!
Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.
Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето.
Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.
Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни.
Срамота!, пишува Миа.