Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска во гостување во емисијата Трилинг, нагласи дека Преспанскиот договор е завршена работа и дека договорот е речиси непроменлив.
– Би било убаво за многу граѓани да слушнат дека било која идна влада дека ќе го поништи годоговор од Преспа но јас сум бил министер за надворешни работи и забележав дека не е така едноставно меѓународно преземени обврски. Да бидеме реални и да кажеме дека е тешко да се измени, рече Милошоски.
Ко-водителот на Тешки муабети, Филип Петровски истакна дека Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во промената на уставното име и дека токму заради нив договорот сега е реалност.
– Милошоски одамна беше министер, не знам како сега му стана јасно дека договорот е завршена работа, а е завршена работа токму заради нив кои учествуваа во предавството. Договорот е реалност заради вакви како нив, да не речам дудуци кои си го чуваат местото за себе. 20 години е функционер, вели Петровски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.