„Мислев дека сопругот ме изневерува со згодна колешка, но кога ја дознав вистината не можев да си дојдам при себе со денови“

Бесна читателка (35) на британскиот магазин „The Sun“ се обратила во нивна колумна, барајќи помош.
Имено, нејзиниот сопруг (38) ја изневерил и таа не знаела што да прави.
„Убава и згодна девојка почна да работи со мојот сопруг во неговата фирма. Тој почна почесто да излегува и доцна се враќа дома. Помислив дека ме изневерува со неа. Станав параноична. Минатата недела се врати дома во 3 часот после полноќ и толку се налутив, па го удрив и му го изгребав лицето“, пишува читателката, која потоа наведува голем пресврт.


„Се испостави дека не ме изневерил со таа девојка, туку со маж! Всушност, знаев дека некогаш гледа геј порнографија. Тој сега ме остави и вели дека никогаш нема да ми прости, а тврди и дека има панични напади. Ми призна дека се гледа со маж, а не со таа девојка. Срцето ми е скршено“, продолжила таа.
„Направив сè што можам за да ги подобрам работите, меѓутоа се прашувам дали всушност си го губам времето“, заклучила жената.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.