Мистер Бин најде 26 години помлада љубовница: Се разведе за 65 секунди а сопругата му го зеде највредното (фото)

Роуан Аткинсон, познат во светот по улогата на легендарниот Мистер Бин, го прослави својот 70-ти роденден на 6 јануари 2025 година. Иако со години се држи настрана од јавноста, интересот за неговиот живот не стивнува. Додека публиката со насмевка се сеќава на неговите иконски улоги, неговиот приватен живот често беше обележан со скандали кои го потресоа неговото семејство.Љубовна врска која го шокираше семејствотоЗа време на бракот со Сунетра Састри (67), жената со која помина повеќе од две децении и имаше две деца, Роуан започна романса со Луиз Форд, 26 години помлада актерка.„Сунетра беше длабоко повредена бидејќи ја замени со многу помлада жена“, изјави извор за британскиот таблоид. Многумина тогаш коментираа дека Сунетра е „вистинска премија за Роуан“ и го осудија за неговиот однос кон семејството.Брз развод и последициРазводот на Роуан и Сунетра во 2015 година се случи со рекордна брзина – на судот му беа потребни само 65 секунди за да го потврди тоа, со образложение за „неразумно однесување“ на актерот. Иако деталите за однесувањето никогаш не беа објавени во јавноста, јавноста шпекулираше за причините.По разводот, Сунетра доби луксузна куќа вредна над 21 милион фунти, додека Роуан се пресели во многу поскромна куќа вредна четири милиони фунти.Ќерката која му сврте грбЌерката на Роуан, Лили (30), длабоко разочарана од постапките на нејзиниот татко, решила да го смени презимето од Аткинсон во Састра, земајќи го презимето на нејзината мајка. Лили, денес успешна кабаре уметничка, изгради сопствена кариера во светот на забавата и често настапува во познати лондонски клубови.Иако не е во блиски односи со нејзиниот татко, талентираната Лили изгледа ја наследила неговата склоност кон глумата и изведбата.Денес, Роуан Аткинсон живее затскриен живот далеку од медиумитеПо скандалот и турбулентниот период, Роуан Аткинсон се повлече од јавноста. Тој во 2017 година доби дете со Луиза Форд (44) и оттогаш се посвети на улогата на татко. Во 2024 година, тој им кажа на пријателите дека планира да направи пауза во кариерата за да се фокусира на семејниот живот.„Тој рече дека сака да биде со својата ќерка Исла и да и’ даде можност на Луиз да се фокусира на нејзината актерска кариера, која оди во вистинска насока“, откри извор близок до актерот.Сепак, иако денес живее мирен и затскриен живот, името на Роуан останува синоним за насмевка и легендарни улоги, но и за контроверзите кои ја придружуваат неговата приватност.

Пронајдете не на следниве мрежи: