Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.
Самиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.
Научниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.
Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?
1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.
Продолжува подолу на страната 2
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.