Денес остварив средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
„Разговаравме за предизвиците на НАТО алијансата, нашата соработка и искористување на потенцијалите.
Мирот и стабилноста се важен сегмент за економскиот развој на државата.
Македонија активно придонесува во мисиите на НАТО Алијансата и е рамо до рамо со најголемите армии и сили кои го гарантираат мировниот процес“, напиша Мицкоски.