Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, се дознава од внатрешни кругови. Тој е преместен во една од шесте „хашки соби“ кои ги има во истражниот затвор во Скопје. Произлегува дека само еден ден поминал во обична ќелија.
Овие често спомнувани и попупарни „Хашки соби“ важат за привелигирани соби и се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.
Во ваква соба е и Орце Камчев.
Не е познато дали се сретнуваат некогашните партнери, а сега лути противници…