Медиумскиот тајкун Руперт Мардок (92) и Елена Жукова (67), руски молекуларен биолог, се свршија, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори блиски до парот.
Мардок и Жукова беа во врска во последните неколку месеци.
Се очекува двојката да го каже судбоносното „Да“ на лозјето Mordoch’s Moraga во Калифорнија, најверојатно во јуни, објави New York Times. Тоа ќе биде негова петта венчавка, а ова е негова шеста веридба.
Минатата година, Мардок се повлече од функцијата извршен директор на медиумските империи на Fox и News Corp. Во април 2023 година, тој ја раскина свршувачката со поранешната полицајка Ен Лесли Смит.