Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест години активно се заинмава со трчање, односно трки во планини. Има настапувано на скоро сите трки во Македонија, на „Водно Матка trail“, „Охрид ultra trail“ Scardus (110 киломентри од Шапка до Призрен, трки во Бугарија, Србија, Словенија каде миатата година трчаше 178 километри со 11.000 метри вкупно искачување каде во конкуренција од 110 натпреварувачи заврши на 14 место.
Идната недела Манев стартува трка во Швајцарија „Eiger ultra trail“ од 250 километри со вкупна елевација од 18.000 метри.
– На оваа трка ќе настапат 150 одбрани натпреварувачи од целиот свет, јас сум единствен претставник од Македонија и Балканот и ќе бидам прв Македонец кој ќе се обиде да претрча 250 километри, вели Манев за Инфомакс.
Трката која ќе почне на 17 јули има лимит и секој ќе мора да ја заврши за 94 ќаса, доколку некој го надмине рокот нема да му иде дозволено да финишира. Ќе се трча на Швајцарските Алпи каде во моментов на места има големи остатоци од снег и големи одрони поради лошите временски услови претходните денови, па тоа ќе биде дополнителна отежнувачка околност, објасни Манев.
Трката е дел од УТМБ и е една од најголемите во Европа, а услов за да се наспати на истата е да имате претходно искуство, односно да имате настапувано на трка од 100 милји која е дел од УТМБ.
– За оваа трка се подготвувам интензивно веќе неколку месеци и се чувствувам подготвен достојно да се претставам и себе и Македонија, а и нашиот новоформиран клуб „ULTRA trail team“ од Штип во кој веќе членуваме повеќе од 30 луѓе, вели Манев.
Редакцијата на Инфомакс му посакува многу среќа и голем успех на нашиот претставник на оваа трка.