Потребни состојки:
3 модри патлиџани
4 зрели домати
300 г моцарела
Сол и зачини
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на тенки кришки. Посолете и оставете да отстои 10 минути, а потоа исцедете. Измиените домати исто така исечете ги на кришки.
Во тава сипете малку маслиново масло, а потоа ставете ред домати, ред модар патлиџан. Наросете со вегета.
Изрендајте ја моцарелата или исечкајте ги на тенки парчиња. Печете на 150 степени околу 20 минути, а потоа извадете од рерна и наредете го сирењето над зеленчукот. Вратете во рерна и печете уште 10 минути.