Научниците открија дека постои уште една опасност која им се заканува на редовните пушачи.
Дека пушењето е лошо за здравјето е познато уште одамна, но сега научниците тврдат дека тоа негативно влијае и на помнењето.
Досега е утврдено дека цигарите ги уништуваат белите дробови, срцето и тенот и поттикнуваат развој на одделни видови на рак и кардиоваскуларни проблеми. Но, сепак, се докажа дека цигарите сериозно го „напаѓаат“ и мозокот, а пред се го оштетуваат помнењето.
Истражувачите на Универзитетот во Единбург установија дека постои директна врска меѓу пушењето и промената во мозокот. Во текот на стареењето доаѓа до постепена ерозија на надворешните слоеви во мозокот, процес кој значително се забрзува под дејство на цигарите. Погодените зони се наоѓаат во пределот на мозочниот кортекс кој е задолжен за помнењето, вниманието и концентрацијата.
Овие наоди, кои се темелат врз основа на скенирање на мозоци на 500 лица со просечна возраст од 75 години, би можеле да ја потврдат теоријата според која пушењето потикнува дегенеративни процеси во мозокот.
Имено, мозокот на пушачот е далеку „потенок“ од мозкот на непушачот, но и од мозокот на лицата кои ги оставиле цигарите.
Процесот на заздравување на мозочното ткиво е забележан само неколку недели по престанокот со пушење, напоменуваат лекарите.