Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести.
– Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар.
Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи.
На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“.
- Јанушев: За 100 дена Влада реализиравме четири крупни инвестиции, ја проширивме и позитивната листа на лекови, а затекнавме општ хаос на секое поле
- Кривична за стружанец: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето
- ОФИЦИЈАЛНО! РУСИТЕ ГО ЗАВЗЕДОА УГЛЕДАР ПО 30 МЕСЕЧНА ОПСАДА: Украинските војници го потврдија повлекувањето од „непробојната тврдина“
- УБИЕН ПРВИОТ ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ВО ЛИБАН: Убиен е командантот на елитниот тим на специјалната единица ЕГОЗ
- Повеќе од 20 години чекање: Најмоќната жена во „безобразна“ реклама
Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.