Забраната на платформите како „Тик-ток“ или емитувањето на реалити-шоуа, за српскиот претседател Александар Вучиќ не се решение на проблемот за спречување на идни масакри или булинг. Вучиќ во интервју за „РТС“, посочи дека детето-убиец Коста Кечмановиќ кое усмрти осум соученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, гледал видео на Јутјуб, кое содржински, според него, е пресликано при масакрот.
„Не е во прашање само Тик-ток. Каква е разликата помеѓу Јутуб и Тик-ток? Она што ќе го видите е на Јутјуб, видео направено како спот, видео игрица. Ќе видите, во нашата земја е направено. Детето (Коста К.) тоа го прател. Ќе видите, неверојатно е. Како со индиго е пресликано со она што го направи. И сега да ги обвиниме децата кои го направиле видеото дека се виновни за тоа што се случи? Неодговорно е тоа што го направиле, но за да докажете дека тие влијаеле е само преку директна поврзаност дека токму тоа видео влијаело за да убиецот го направи масакрот – тоа е невозможно, секако“, рече Вучиќ.
Тој рече дека е спремен да се разговара на ова прашање, иако во забрана на платформи или формати на емисии – не гледа решение.
„Ние не сме тука да се грижиме за фотелјите. Децата мора да идат во училиште, мора да живееме слободно, да работиме. Кога ќе ги видам пораките од било кој од полицијата – страв ме фаќа. Психопати и монструми има. Ние ќе дадеме се од себе и ќе се бориме, верувам дека ќе живееме нормално, а ова никогаш нема да го заборавиме“, додаде Вучиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.