„Мраморниот колач“ е слатко задоволство за целото семејство

Ова е многу едноставен, сочен колач што може да се подготви во калап за куглоф или во форма на класични коцки. Сето тоа зависи од вашето расположение и од можностите, а резултатот е секогаш прекрасен.
„Мраморниот колач“ е слатко задоволство за целото семејство
Доколку обожувате чоколадо, во смесата може да додадете сечкано темно чоколадо. Другите варијанти како кората од портокал или малку цимет, исто така, се подеднакво примамливи.
Најважно е „мраморниот колач“ да се излади пред да се исече, во спротивно тој ќе се рони. Додека трпеливо чекате, загрејте се со чаша чај со мед, а потоа уживајте и во прекрасниот колач.


Потребни состојки:
230 г путер
250 г шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
4 јајца
500 г брашно
1 пакетче прашок за печиво
150 мл млеко
25 г какао
прстофат сол
изрендана кора од 1 лимон
Начин на подготовка:
Изматете го омекнатиот путер со шеќерот, ванилиниот шеќер и солта. Додајте го млекото и јајцата и добро промешајте.
Додајте го брашното измешано со прашокот за печиво, па добро промешајте со дрвена лажица или силиконска шпатула.
Поделете го тестото на два дела. Додајте ја изренданата кора од лимон во едниот дел, а какаото во другиот.
Подмачкајте го со путер калапот за печење и загрејте ја рерната на 180 степени.
Наизменично истурете од смесата во калапот. Прошарајте ја смесата користејќи стапче за раженчиња.
Печете го колачот околу еден час во загреана рерна. Проверете со чепкалка за заби дали е добро испечен и изладете го пред да го исечете на парчиња и да го сервирате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.