Мусака со печени пиперки и мелено месо

Состојки:

  • 8 печени пиперки
  • 400 гр мелено месо
  • 2 мали кисели павлаки
  • 4 јајца
  • 100 мл масло
  • 1 главица кромид
  • сол, бибер, масло
  • зачини по желба (магдонос, босилек или оригано)
Мусака со печени пиперки и мелено месо

Подготовка:
Кромидот и меленото месо се пржат во масло со зачини по желба. Зачинете со сол и бибер. Изматете ги јајцата и павлаката. Исчистените пиперки наредете ги во сад за печење со малку масло. Наизменично се редат пиперките, филот и така натаму. На крајот треба да има ред пиперка и фил од павлака. Се пече на 220 степени Целзиусови околу половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.