Мусети: Целосно сум импресиониран од ограта на Ѓоковиќ

Лоренцо Мусети, италијанскиот тенисер изјави дека е импресиониран од играта на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон.
Музети изненадувачки пристигна во борбата за финалето, каде што го пречека супериорниот Ѓоковиќ, кој одигра „напорен меч“ и победи во максимални три сета.
„Никогаш не сум го сретнал Новак ваков. Му кажав на неговиот тим во соблекувалната, ова е седми пат како играме еден против друг и никогаш не било вака. Тој самиот беше целосно импресиониран“, потенцира Мусети.

И објасни за што се работи:
„Ова беше нашата прва средба на трева. Оваа подлога совршено одговара на неговата игра. Тоа е малку лудо. Начинот на кој се врати беше навистина луд. Имав шанси за брејк во вториот сет, но и неговиот сервис беше многу добар. Тој целосно ја заслужи победата“.
Сепак, Мусети не беше деморализиран по полуфиналето на Вимблдон.
„Одам дома знаејќи дека можам да победам речиси секого. Имам многу позитивни впечатоци од овој турнир. Сега ми е јасно дека на Грен слем турнирите, каде што се игра во пет сета, мојата игра може да биде на уште повисоко ниво“, изјави Мусети.

Пронајдете не на следниве мрежи: