На Ајфеловата кула прикажани пароли од иранските протести (ВИДЕО)

На Ајфеловата кула во Париз денеска беа објавени пароли од иранските протести во знак на солидарност со жените кои се борат за поголеми права во таа земја.

Еден од главните слогани на протестите во Иран – „Жена. Живот. Слобода“ и „#StopExecutionsInIran“ – се појавија на Железната кула во француската престолнина четири месеци откако Иранката Махса Амини почина во притвор поради злоупотреба од страна на иранската етичка полиција за непочитување на правилата за покривање на косата.

Франција минатата недела повика ирански претставник во Париз поради егзекуцијата на британско-ирански државјанин обвинет за шпионажа. Франција тврди дека Иран продолжува произволно да приведува странски државјани.


Пронајдете не на следниве мрежи: