На Велики петок избегнувајте лук- народни верувања во исчекување на Велигден

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Исус Христос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.
Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.


Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.