На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите

Истражување кое опфатило 210 средовечни мажи и жени, посочува дека на жените им треба повеќе спиење отколку на припадниците на „посилниот пол“, како и дека припадничките на „понежниот пол“ имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон.
– Резултатите говорат дека кусиот сон кај жените е тесно поврзан со високите нивоа на психичка болка и посилно чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна пак, овие чувства не се поврзани со нарушување на спиењето кај мажите, изјави професор Џим Хорн, дел од британскиот истражувачки тим од Универзитетот на Лоубороу.


Една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се освежи и обнови самиот себе. Како што објаснуваат стручните лица, при длабок, цврст сон, кортексот – делот од мозокот одговорен за помнењето, меѓу другото, се одвојува од сетилата и на тој начин, тој се обновува.
– Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе спиење Ви треба, за тоа освежување на мозокот, истакна професор Хорн

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.