Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Е.(36) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 29.05.2022, пријавениот злоупотребил лични фотографии на женско лице од Гостивар и на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил, а потоа поставил лични податоци, нејзина фотографија и две фотографии со експлицитна содржина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.