- Вежбајте внимателност
Вниманието е состојба на забележување на моменталното искуство. Факт е дека трошиме премногу време жалејќи се, каејќи се или грижејќи се за минатото и иднината. Внимателноста може да ни помогне да го намалиме делот од нас кој постојано размислува и да го активираме оној кој чувствува. Добар пример е кога ќе се фатите себеси како работите ги правите механички.
На пример, следниот пат кога ручате, одолејте на импулсот да ги проверите социјалните мрежи. Наместо тоа, фокусирајте се на храната, амбиентот и вашите сетила. Вака ќе се вратите во реалноста. Кога чувствувате дека вашето внимание е слабо т.е. талка низ минатото или иднината, едноставно вратете се во сегашниот момент и запомнете: иднината не постои на ниедно друго место освен во вашата глава.
- Прифатете го проблемот
Одвојте момент и откријте што е она што го предизвикува немирот кај вас. Замислете дека тој е поврзан со идните проекции или болки, или пак, грешки и каења од минатото. Потрудете се да ја прифатите моменталната ситуација. Тешко е, но болката и страдањата стануваат полоши ако повеќе размислуваме за нив. Пробајте да навлезете во чувствата и прифатете ги. Прифатете се себеси онакви какви што сте сега, во моментов. Престанете да посакувате работите да беа поинакви.
Кога ќе се фатите себеси како се грижите за минатото или иднината, прашајте се следново: „Што можам да направам околу тоа во моментов?“ Ако одговорот е ништо, тогаш прифатете ги нештата какви што се. Вдишете длабоко и правете нешто што ве усреќува. А, ако одговорот е да, тогаш проценете што можете да направите и направете го тоа.
- Закажете одмор од грижи
Некогаш тешко е да се заспие поради големиот број грижи кои осцилираат низ нашата глава. Целиот ден ќе се чувствувате добро, но навечер вашиот мозок оди во темното ќоше и ви сервира страшни мисли кои чувствувате дека ве прогонуваат. Врските, имиџот, кариерата, финансиите, иднината, што ќе се јаде и слично – ова се сигурно дел од грижите поради кои не можете да заспиете навечер. Затоа дозволете си да бидете безгрижни како децата, барем на 15-30 минути. А додека се грижите, напишете сѐ што ви лежи на срцето. Навечер, кога не можете да заспиете кажете си: „Ништо не можам да решам во моментов. Време е за спиење. Утре ќе размислувам околу тоа.“