НАМЕСТО ДА ПИЕТЕ КОКА-КОЛА: Крвниот притисок можете да го покачите со овие 4 мали плодови со чаша минерална вода


Маслиновото масло е познато по своите својства за длабоко потхранување на кожата, незина регенерација и освежување. Тоа игра значајна улога при секојдневната исхрана како здрава алтернатива и прв избор при здрава исхрана

Маслинките се моќен и вкусен плод кој може да му обезбеди на човековото тело одлични здравствени бенефиции вклучувајќи ја способноста за спречување на губиток на коскена срж, спречување на појава на различни видови на рак, воспалувања и артритис. Тие се познати по своите бенефиции кои  ја подобруваат дигестијата, ги олеснуваат алергиските реакции, помагаат при подобрување на циркулацијата на крвта и помагаат при регулација на крвниот притисок.
Маслинките најчесто е добро да се јадат во комбинација со некоја салата, во комбинација со риба ,(медитеранска диета), со јајце и сирење или пак како додатоци на други оброци.

Дали сте знаеле дека доколку имате низок крвен притисок само со 4 маслинки дневно во комбинација со чаша минерална вода можете да го покачите нискиот притисок наместо да се напиете чаша Coca-Cola или пак да изедете еден ред коцки чоколада??

Во 100 грама зрели маслинки има околу 6,3 % јаглехидрати, 0,8 %белковини, и 10,7 % маснотии, затоа не е изненадувачки зошто лекарите често препорачуваат да се консумира една шака маслинки пред појадок, како превенција од различни болести.

 Маслината или маслинка ( Olea europea) е мало дрво од фамилијата Маслинки (Oleaceae). Потекнува од источните делови на Средоземјето, како и од северен Иран (брегот на Касписко Море). Од нејзините плодови се прави маслиново масло.

Маслиновото масло пак добива големо внимание со неговата одлична функционалност при готвењето и како додаток при приготвувањето на свежи оброци и салати. Познати ни се различни видови нa маслинки, некои видови имаат повеќе или помалку важни компоненти кои придонесуваат кон одлично здравје но и кон обезбедување на значајни нутриенти во секојдневната исхрана.

Нутритивни вредности на маслинките

Медицинските и здравствените бенефиции од маслинките воглавно доаѓаат од нивните нутриенти, витамини,минерали и органски компоненти кои вклучуваат железо, витамин Е, влакна, олеична киселина, феноли и различни антиоксиданси.

Бенефиции врз човековото здравје од консумирањето на маслинки

– Срцева болест: оваа болест е најчестата и најсмртоносната состојба во светот, па затоа луѓето многу се грижат околу зачувувањето на здравјето на срцето против сите фактори кои можат да предизвикаат: артеросклероза, срцев напад, кардиоваскуларни болести и срцеви болести.
Фенолите како  hydroxytyrosol оневозможуваат создавање на тромбови и зачепување на протокот на крв.

– Лутеинот кој е составна компонента на маслинките помага да се уништат слободните радикали во телото, штити од појава на рак на дебелото црево, жолчката, желудникот и простатата.

– Маслиновото масло, пак помага во работењето на жолчката, што овозможува нормално варење на храната и апсорпција на хранливите материи.

maslinki

– Загуба на коскена маса: луѓето кои традиционално се хранат со Медитеранска диета се покажало дека имаат пониска појава на загуба на коскена маса што води кон појава на остеопороза.За ова задолжени се две компоненти достапни кај маслунките наречени hydroxytyrosol и  oleuropein, кои скоро беа поврзани со студии со кои се покажало дека консумирањето на маслинки придонело кон зголемување на нивоата на калциум кај испитаниците што воедно водело кон раст на коските и пад на степенот на ризик од заболување од остеопороза.

 Дигестија: Маслинките се здрав извор на влакна обезбедувајќи 20% од дневната потреба за влакна со една изедена шоља. Високата содржина на влакна обезбедува соодветна функција на дигестивниот систем и редовно празнење на цревата (столица).

– Алергиски реакции: Маслинките помагаат при редуцирање на фрекфенцијата на алергиските реакции. Одредени компоненти на маслинките делуваат како анти-хистамини со блокирањр на рецепторите за хистамини кои ги редуцираат алергиските реакции. Со додавањето на маслинки на вашата исхрана можат да се редуцираат знаците на сезонските алергии .

– Антибактериски квалитети: Oleuropein, е вредна хемиска компонента на маслинките која функционира како антимикробна и антибактериска  заштита на вашето тело.

Пронајдете не на следниве мрежи: