Наместо кнедли, направете торта: Се прави за миг а секому му успева!

Вкусот е идентичен како оној на кнедли со сливи, а приготвувањето е многу поедноставно и побрзо
Состојки:
За кората:
1 јајце
150 г шеќер
200 г путер
300 г брашно
1 лажиче прашок за печиво
За филот:
2 јајца
6 лажици
2 чаши кисели павлаки
3 кесички ванилин шеќер
100 г презла
1 лажица цимет
50 г путер
И уште:
600 г сливи


Приготвување:
Изматете едно јајце со 150 г шеќер, па додајте 200 г стопен путер, а потоа и 300 г брашно помешано со едно лажиче прашок за печиво. Префрлете го тестото на дното на плех со големина од 30 см.
Врз тестото наредете 600 г сливи, преполовени и исчистени од семки.
Потоа, пригответе го филот. Изматете 2 белки со 4 лажици шеќер во цврст снег. Измешајте 2 жолчки, потоа 2 чаши кисела павлака и 3 ванилин шеќер. Сипете го филот врз сливите.
За финалното посипување на колачите, измешајте 100 г презла, 2 лажици шеќер, лажица цимет и 50 г стопен путер. Печете 30 минути на 200 степени. Оладете во фрижидер, па послужете.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.