Намирници кои гојат, а ги консумираме мислејќи дека не грешиме

Нутриционистите тврдат дека од клучно значење е да се јаде вистинската храна, во вистинска количина во вистинско време. А тоа значи следново: четири до пет оброци на ден (појадок, ручек, вечера и една до две ужинки), но исто така многу е важно да се избегнуваат намирници кои лошо делуваат на организмот, а во исто време дебелеат.
Чипс
За дебелеење најмногу придонесуваат грицките, и солените и слатките. Тие се полни со масти кои се претвораат во шеќери, а потоа во сало. Имаат висока калориска вредност и не создаваат чувство на ситост. Чипсот е направен од три едноставни состојки: сецкан компир, масло и сол. Полн е со масти и рафинирани јаглехидрати. Докажано е дека чипсот многу гои, па подобро е да пробате поздрава алтернатива: ситно исечкајте компири, додадете маслиново масло, малку морска сол и бибер и печете во рерна на 200 степени.

Сокови
Кога пиеме сок, имаме впечаток дека ништо не сме згрешиле, со оглед на тоа дека не сме јаделе, но зашеќерените сокови можеби најмногу дебелеат. Тие не содржат никакви хранливи материи, само „празни“ калории. Освен што се гојат, го зголемуваат и ризикот од дијабетес.
Преработена храна
Производите од суво месо и колбасите имаат примамлив вкус, но треба да јадете храна која содржи влакна, бета глукани, целулоза и пектин. Најздраво би било во хамбургерот наместо сланина да додадете авокадо, да направите пица со зеленчук и сендвич со хумус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.