Бел леб, тестенини и ориз
Преработените житарки како што се оние во белиот леб, тестенините од бело брашно и оризот можат да бидат главни што ја одземаат енергијата во човечкото тело. Во најголем дел, тоа е затоа што мембраните на зрната се отстрануваат при обработката. Зрната обработени на овој начин содржат пониски нивоа на влакна и имаат тенденција да се варат и апсорбираат побрзо од целите зрна. Иако резултатот е побрзо зголемување на шеќерот во крвта, а со тоа и инсулинот, наскоро следува ненадеен пад на енергијата.
Алкохол
Иако алкохолот може да ви помогне да се чувствувате порелаксирано или полесно да заспиете, во зависност од количината што ја консумирате, следното утро всушност може да се разбудите помалку одморени. Истражувањата покажуваат дека помалите до умерени количини на алкохол не влијаат многу на квалитетот на сонот или на времетраењето на сонот. Затоа на дневна база жените требал да пијат една, а мажите до две чаши алкохол.
Кафе
Кога се консумира умерено, кафето може да има позитивни физички и психички ефекти. Истражувањата покажуваат дека кафето помага да се намали ризикот од развој на невродегенеративни болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Исто така, 18 истражувања објавија дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2. Меѓутоа, ако редовно се потпирате на кафе, наместо на правилна исхрана и сон, оваа навика може да ја исцрпи вашата енергија со текот на времето на подолги периоди.
Похувана и пржена храна
Пржената и брзата храна се исто така енергетски неповолни бидејќи главно содржат големи количества маснотии и мала количина на влакна, што доведува до бавно варење. Побавното варење може да ја намали брзината со која хранливите материи влегуваат во крвотокот, што го забавува нивното искористување и енергетските процеси на телото.
Нискокалорична храна
Кога ќе дојде време за ужина, некои луѓе се одлучуваат за нискокалорични верзии на нивната омилена храна, верувајќи дека тие се поздрав избор. Сепак, вклучувањето премногу од овие намирници во вашата исхрана може да доведе до тоа да не внесувате доволно калории во текот на денот, што може значително да го намали нивото на енергија на вашето тело.